Греење и апликации – Со помош на Viessmann апликации
управувате со греењето сигурно и удобно преку интернет

Со греењето може да се управува на класичен начин со вртење на копчиња или удобно преку интернет. Далечинско одржување преку овластен сервисер исто така не претставува проблем. Тоа е можно преку Viessmann интелигентни апликации, интернет интерфејс и уреди со интернет како што се смарт телефон или таблет.


Viessmann Apps за сопственици на системите за греење

За сопствениците на системите за греење лесната употреба најчесто е најважен приоритет. Факторот сигурност и заштеда на енергија исто така не смеат да отсуствуваат. Со апликациите за управување со греењето ViCare и Vitotrol, Viessmann има развиено две апликации кои ги задоволуваат најважните потреби на операторите на системите за греење.За корисници на подно греење апликација Vitofloor претставува  оптимално решение за интуитивно управување со сите грејни зони.

Од друга страна Vitoinfо претставува оптимален влез во светот на Viessmann апликации. Заинтересираните лица и сопственици на системите за греење тука можат да пронајдат корисни содржини како што се конвертори, проспекти во PDF формат, како и информации и вести од Twiter, Facebook и YouTube.На крајот но не и најмалку важно, сопствениците на системите за греење и заинтересираните лица преку Viessmann Контрола за заштеда на енергија за згради можат да добијат одговори на најважните прашања за модернизација.

ViCare-App.png

Како да го поврзете своето греење на Viessmann Apps

За да можете удобно и сигурно да управувате со своето
греење, потребен е интернет интерфејс. Во зависност од Viessmann  апликацијата која ја користите тоа може да биде Vitoconnect или Vitocom 100. Двата уреди воспоставуваат врска помеѓу грејниот котел и апликацијата. Со нивна помош со котелот може да се управува и на друг начин освен преку апликација. Можно е далечинско одржување од страна на претходно овластен специјализиран центар.

Vitoconnect во комбинација со апликација ViCare се користи за системи за греење во куќи за едно или две семејства додека апликацијата Vitocom 100 во комбинација со Vitotrol наоѓа примена кај сложени постројки како на пример во комерцијални области.

ViCare App – Управување со греењето преку апликација

Управување со греењето преку апликација: апликација ViCare нуди можности за регулација на греењето преку интернет. Преку наменски едноставно оформен графички интерфејс можно е потполно интуитивно управување со греењето.

Системот  е дизајниран да регулира круг на греење. Со функцијата на провлекување се избира посакуваната температура на просторот а со притисок на прст се менуваат
режимите на работа од нормален до режимот забава (“ Mногу долго топло”) Кога излегувате од дома (“На пат”) доволна е една наредба за да системот за греење се подеси на пониска температура и така штеди енергија.

Доколку сакате да програмирате различни времиња на уклучување за секој ден, на располагање Ви стои функција асистент. Одвоена површина на почетен екран покажува и бројни совети за заштеда на енергија.

Apps_Vicare-App.png

vitoguide.png

Vitoguide – Дигитален кориснички сервис

Проширете го својот кориснички сервис со непроценлив додаток; невидлива безбедност  на работата. Со Viessmann апликација Vitoguide ќе бидете веднаш известени за релевантните промени на уредите на вашите клиенти. Во случај на грешка можете да реагирате веднаш и да ја отстраните далечински, без потреба клиентот да го известувате за тоа. Апликацијата Ве известува исто така кога некој друг клиент бара да го одржувате неговиот уред.

Апликацијата има јасна структура  и содржи важни параметри како што се двете криви на греење и управувач на температура. Со нивна помош ќе можете далечински да ги направите  најважните подесувања и да при тоа бидете поштедени од  непотребно патување.